19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗошто Трамп беше пуштен толку брзо од болница?

Зошто Трамп беше пуштен толку брзо од болница?

Доколку се заразите од коронавирус, не очекувајте ист третман како и претседателот Доналд Трамп, бидејќи тој можеби е единствената личност во светот што примил коктел од три лекови, им порачуваат американските медиуми на грѓаните.

Очекувано е дека лидерот на земјата ќе добие дополнително внимание и најдобра можна грижа, но некои од третманите што ги добил тој не се достапни за пошироката јавност, посочуваат лекари.

Пред да биде хоспитализиран во петокот, Трамп примил експериментална терапија со антитела на „Регенерон“, што може да го намали нивото на коронавирусот и покажа ветувачки резултати во студијата со 275 пациенти.

Сепак, третманот сè уште не доби одобрение за итна употреба од американската Администрација за храна и лекови.

Биотехнолошката компанија „Регенерон“ соопшти дека го обезбедила лекот откако добила барање за т.н. сочувствителна употреба од страна на лекарите на Трамп.

Покрај експерименталната терапија со антитела, Трамп добил и ремдесивир и дексаметазон.

“Ја напуштам одличната болница Валтер Рид во 18:30 часот. Се чувствувам многу добро! Не плашете се од Kовида-19. Не дозволувајте тоа да владее со вашиот живот. Развивме одлични лекови и стекнавме големо знаење. Се чувствувам подобро отколку пред 20 години„ напиша Трамп на Твитер.

“Се враќаме на работа. Како ваш водач, морав да го сторам тоа. Знам дека постои опасност, но морав. Влегов и водев. Секој лидер би го направил тоа што го направив јас. Знам дека постои ризик и опасност, но тоа е во ред “Сега сум подобар и можеби сум имун, не знам. Но, не дозволувајте (коронавирусот) да доминира во вашите животи”, рече Трамп во видео пораката што ја сними и ја објави по повод излегувањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП