17 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНа работа сите лажат: Слушајте го она што НЕ го говорат

На работа сите лажат: Слушајте го она што НЕ го говорат

Не само за комуникацијата на работа, туку и во секојдневната комуникација е многу битно да разберете што мисли вашиот соговорник кога за нешто говори.

Луѓето многу ретко, искрено и директно го кажуваат она што всушност го мислат.

Често имаат желба да се прават паметни, да се умилкуваат на другите, посебно на работодавците и ги прикриваат своите пропусти или некои детали од својата кариера. Како би процениле што вашиот соговорник всушност мисли а не говори, ни помага вештината  “ читање помеѓу редови ”.

Прочитајте неколку примери на изјави кои всушност правата смисла ја кријат помеѓу редови:

Оваа година нема покачување.

Значење:  Биди среќен што имаш работа.

Ја сакам својата работа.

Значење: Ми треба оваа работа.

Не сум сигурен дека ве разбирам што зборувате…

Значење: Сигурен сум дека не ми се допаѓа тоа што го зборувате.

Дојдов порано на работа.

Значење: Денес ќе си одам порано од работа.

Ја напуштил компанијата за да поминува повеќе време со семејството.

Значење: Му било пренапорно и дал отказ.

Мојот шеф е малку напнат и нервозен човек.

Значење: Мојот шеф е лудак.

Сигурен сум 99%.

Значење: Немам идеја….

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП