28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕДуња – лековито овошје

Дуња – лековито овошје

Дуњата е овошје кое зрее од крајот на Октомври до Декември и има вистински состав на корисни материи. Ова овошје потекнува од југозападна Азија и во старите времиња се сметала за знак на плодност и симбол на љубов и среќа.

Освен минималната количина на калории и масти, таа е богата со протеини, јагленихидрати, диетални влакна, а содржи и многу танински материи и пектин.

Од витамини највеќе има витамин Ц, но и многу каротен ( провитамин А ), витамин Б1 и Б2, како и нијацин. Богата е со бакар, калиум, калциум, магнезиум, натриум, железо, сулфур и хлор.

Семките од дуња содржат дури 15 проценти масло и многу амигдалин, односно витамин Б17, кој има антикацерогено дејство. Семките од дуњата се богати со масти, танин, пектин, шеќери, јаболкова киселина, емулзија и протиди.

Поради сето тоа дуњата е исклучително лековито овошје. Лековити се и плодовите и листовите и семето, а особено сокот и сирупот. Благодарение на танинот и слузта поволно делува на работата на цревата и спречува инфективни болести.

Дуњата треба да се користи како лек, или како помошно лековито средство кога се во прашање следните болести и тегоби: акни, анемија, болести на грлото и носот (крајници), бронхитис, грчеви во желудник, грип и настинка, дијареа, егзема, лош здив, инфекции на кожата, зајакнување на имунитетот, кашлица, нервоза, несоница, изгореници, проблеми со желудникот и органите за варење, проблеми со кожни болести, разни инфекции, воспаление на органите за дишење, го забрзува зараснувањето на раните.

Затоа ви советуваме во својата исхрана да ја додадете дуњата како овошје, десерт или почесто да користите производи од дуња, особено како додаток во исхраната на децата. Нормално, најпрепорачливо е да ги конзумирате свежи, навистина се вкусни, и само така во вашиот организам ќе можете да ги внесете сите витамини кои таа во себе ги содржи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП