11 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталија не може да издржи уште еден карантин

Италија не може да издржи уште еден карантин

Во Италија нема да има нов карантин, бидејќи економијата не би можела да го издржи тоа, а прашање е дали граѓаните би можеле да поднесат повторно да бидат затворени во своите домови, пишуваат италијанските медиуми, цитирајќи политичари и економисти.

Премиерот Џузепе Конте потврди дека нема да има нов карантин, пишува агенцијата „Анса“.

„Ги преземаме сите мерки за да не се случи тоа и имаме развиено одличен систем за откривање и пребарување на лица заразени со Ковид-19“, рече Конте и ги повика граѓаните да ја преземат мобилната апликација „Имуни“ на нивните телефони, која овозможува да бидат откриени контактите со заразено лице.

„Тоа е морална обврска на секој Италијанец“, рече премиерот Конте.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП