23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМузичарите утре пред влада ќе прават протест со жива свирка и ди-џеј...

Музичарите утре пред влада ќе прават протест со жива свирка и ди-џеј програма против новите правила во угостителството

Најновите мерки кои ги донесе Владата за работење на угостителските објекти ги налути угостителите и музичарите. Утре пред владата ќе протестираат сите дејности поврзани со свадбените цереминии. На бина ќе се свиртат македонски песни, ди-џеи ќе пуштаат музика, стендап комичари ќе прават своое шоу се во знак на револт против одлуката на владата за забрана на музика во угостителските објекти. На протестот ќе присуствуваат и угостители, музичари, фирми за кетеринг услуги, салони за венчаници, луѓе кои прават украси и декорации на објекти и простории. Според информациите до кои дојде Денар се очекува масовен протест со луѓе од цела Макдедонија

Организатор на протестот е музичарот Даниел Сидовски од група Респекти. Тој за Денар вели дека целта на протестот е дека уметниците само сакаат да работат, да свират и да пеат, да ја забавуваат публиката и гостите во угостителските објекти.

„Бараме под итно уште од следниов векенд да биде тргната забраната за музичарите во кафеаните и ноќните клубови. Дополнително бараме да се овозможи правење на свадби со посебни протоколи. Ние не бараме од државата финансиска помош, само можност да работиме. Дополнително сакаме и ние музичарите сите да бидеме пријавени во фирма „Естрадни уметници“ и сите да си плаќаме придонеси за пензиско и здравствено осигурување. Само на тој начин ќе бидеме рамноправни со сите други вработени во Македонија и дури тогаш ќе може да побараме од државата некакво обештетување“.

Во јавноста и на социјалните мрежи не стивнуваат  реакциите од музичарите по одлуката дека повеќе не смее во угостителски објект да има музика која ја свири бенд, или ја пушта ди-џеј. Гостите во угостителскиот објект ќе може да слушаат музика само пуштена од радио или друг плеер и тоа со ограничена гласност не повеќе од 55 децибели, или во превод нешто како тивко муабетење. На една маса може да седат само четири лица наместо како досега 12.

Петар Младеновски од Суперхикс на еден ироничан начин го соопшти својот револт на  социјалните мрежи поради ваквите одлуки.

Контактиравме и ди-џеј кој 15 години пушта музика по ноќните клубови и дискотеки не само во земјава туку и во регионот. Ди-џеј Електра вели дека кога пред два дена ја видел веста дека повеќе нема да може да си ја работи својата професија помислил дека е некоја шега или лажна вест, но кога дополнително проверил видел дека станува збор за владина одлука.

„Доколку може да се седи во некој локал да се јаде и да се пие која би била причината за да нема музика, или да има музика да нема диџеј. Тоа искрено не ми најсфатливо. Морам да Ви кажам овие неколку месеци каде што пуштав мизика луѓето не беа опуштени како пред пандемијата. Бројот на гости каде што настапував беше навистина ограничен, немаше гужви, луѓето ќе уживаа еден – два часа без посебни гужви и групирања и си заминуваат од локалот“, вели Електра.

Став побаравме и од еден од најбараните млади бендови за свадбени прослави во последниве неколку години, Live bend. Сметаат дека работата веќе излезе од контрола.

„Последната одлука на владата ги изреволтира сите музичари од цела Македонија. Ова веќе излезе од контрола. Има многу луѓе на кои единствена егзизстенција им е музиката. Како тие ќе го гледаат семејството? Како да се снаоѓаат? Сметките и кредитите стигаат за наплата. Ова веќе станува борба за живот. Срамота! Владата која се надевавме дека ќе донесе подобар живот за сите нас, нѐ изневери. Секој ден очекуваме добри вести, но за жал само полошо се случува. Повеќе не се издржува. Време е да почнеме да работиме како што треба, и да се врати народот во нормала“, велат за Денар од Live bend.

Од угостителската комора сметаат дека најновите мерки на владата во делот на угостителството е враќање чекор назад, се жалат од комората. Мартин Ангеловски за Денар вели дека не е проблем во протоколите и колку тие се ригорозни, туку кој и во која мера ги почитува. Ангеловски вели доколку некој помине на раскрсница на цевено не се забранува цел сообраќај, туку се казнува несовесниот возач.

 „55 децибели дозволена гласност, мислам дека и покрај тоа што се трудам потивко да зборувам, моето нормално зборување повеќе од 55 децибели. Плус не е битно колку луѓе ќе седат на маса, битна е дистанцата помеѓу нив“, вели Мартин Ангеловски од угостителската комора.

Што се однесува до министерстовто за економија, кое е надлежно за угостителскиот сектор, велат дека во моментов вакви мерки треба да се носат и ние секако дека тие мерки дополнително може да се моделираат. Информациите од ресорното министерство велат дека до владата веќе предложиле да се зголемат ингеренциите на пазарните инспектори кога тие одат на терен и вршат инспекции во ноќни клубови и кафеани.

Поради серијата забави кои се случија последниве неколку дена власта реши со ригорозни мерки да стави крај на журкањето во ноќните клубови и кафеаните. Угостителите уметниците сметаат дека поради неколку забави на кои не се почитувале превентивните мерки не треба да биде казнет целиот сектор. Но власти не попуштаат и остануваат на ставот дека ќе мора со построги правила да се прилагодат да функционираат угостителите во есенските и зимските месеци. Тие локали се веќе затворени а инспекторите најавија дополнителни контроли и во следниот период.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП