25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМурињо се извини на Саутгејт заради погрешна употреба на неговото име

Мурињо се извини на Саутгејт заради погрешна употреба на неговото име

Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо му се извини на селекторот на Англија, Герет Саутгејт затоа што го нарече со погрешно име Гери.

  • Претходно разговарав со Саутгејт, но сакам да и кажам на јавноста за тоа. Кога му реков „Гери“ на Саутгејт, му објаснив дека, живеејќи толку години во Англија, секогаш бев убеден дека тоа е кратенка од Герет. Му се јавив на Гери и му се извинив и сакам ова да го објавам апсолутно отворено, бидејќи имам само почит кон Саутгејт, изјави Мурињо за „Talksport“.

Вербалната војна меѓу Мурињо и Саутгејт настана по повикот на Хари Кејн во репрезентацијата. Мурињо бараше играчот на Тотенхем да биде изземен поради големиот број натпревари во кус период.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП