19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзмамите со платежни картички во Европа вредат 1,55 милијарди евра (ИНФОГРАФИК)

Измамите со платежни картички во Европа вредат 1,55 милијарди евра (ИНФОГРАФИК)

Загубите од измама со платежни картички во Европа ги чинеа потрошувачите повеќе од 1,55 милијарди евра. Ова го покажуваат податоците собрани од британската страница за финансиски вести „Buy Shares“.

Според податоците, над 45% од загубите се реализирани во Велика Британија.

Сумата што е загубена на Островот изнесува 709,9 милиони евра. На второ место е Франција со 440,9 милиони евра. Третото место и припадна на Германија со 91,5 милиони евра, следена од Шпанија со 90,6 милиони евра. Италија е петта со загуби од 67,1 милиони евра од измама со платежни картички. Меѓу анкетираните земји, најмала штета има во Романија – 2,9 милиони евра.

Според извештајот на „Buy Shares“, компаниите за плаќање треба да вклучат различни техники во процесот на заштита, како што се машинско учење и анализа на однесувањето, за да се идентификува невообичаената активност на сметките. Експертите исто така укажуваат на потребата од меѓународни интегрирани услуги за спречување на ризици.

Велика Британија исто така води во бројот на случаи на измама, што не е изненадувачки со оглед на тоа што пазарот во Велика Британија е еден од најголемите во однос на обемот и вреднувањето на трансакциите. Исто така, големиот број измами се поврзани со активна употреба на картички за купување преку Интернет.

Според извештајот, една од причините за измама е малициозен софтвер и таканаречените напади со „фишинг“, кои стануваат сè покомплексни и потешки за разликување. Во Европа, повеќето картички имаат посебен „EMV“ чип за кој е потребен „PIN“ да се внесе при завршна трансакција. Но, лозинката не треба да се внесува при купување преку Интернет, што е исклучително погодно за измама.

Во исто време, новите начини на плаќање, како што се услугите за безконтактност, ги прават криминалците сè повешти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП