2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајвисоката зграда ќе се гради во Кина

Највисоката зграда ќе се гради во Кина

zgrada

Во Кина започна изградбата на највисокиот облакодер во светот кој ќе биде со висина од 838 метри. Цената на проектот изнесува 850 милиони долари.

Церемонијата на положувањето на првиот камен на кулата „Sky city“ се одржи во градот Чангша, главниот град на провинцијата Хунан. Се очекува зданието рекордер да се простира на површина од 1.05 милиони квадратни метри, а изградбата на облакодерот треба да заврши во 2014-та година.

Висината на „Sky city“ за 10 метри ќе го надмине познатиот облакодер „Бурдж Калифа” во Обединетите Арапски Емирати  кој е највисокиот досега во светот.

Во 208-те ката на кинеската зграда ќе се сместени канцеларии на компании, ќе има хотелски соби, училиште, болница, продавници, ресторани и спортски сали, како и сместување за 4 илјади семејства.

Во Кина се наоѓаат четири од деветте највисоки згради во светот, без да се брои Меѓународниот трговски центар во Хонгконг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП