20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТројца научници добија Нобелова награда за медицина

Тројца научници добија Нобелова награда за медицина

Нобеловата награда за медицина годинава замина во рацете на тројца научници. Наградата ја освоија американските научници Харви Алтер и Чарлс Рајс, како и британскиот научник Мајкл Хјутон за откривање на вирусот хепатитис Ц.

Оваа награда е едно од најпрестижните светски признанија и овозможува влез во еден од најценетите клубови во светот.

Претседателот на Комитетот, Томас Перлман, ги објави добитниците на престижната награда во Стокхолм.

Светската здравствена организација (СЗО) проценува дека има повеќе од 70 милиони случаи на хепатитис ширум светот и дека годишно умираат околу 400.000 луѓе. Станува збор за хронична болест што доведува до воспаление на црниот дроб или рак.

Оваа престижна награда, покрај златниот медал, вклучува и парична награда од 10 милиони шведски круни (нешто повеќе од 1,18 милиони долари).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП