29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСобир за поддршка пред болницата на Трамп

Собир за поддршка пред болницата на Трамп

Пред воената болница “Walter Reed” каде се лекува Доналд Трамп е снимено видео во кое има собрани луѓе кои му даваат поддршка на американскиот претседател.

Агенцијата AP објави дека приврзаниците на Трамп со знамиња од неговата предизборна кампања се наоѓаат пред болницата, а тие од разгласите ја пуштаат песната “God Bless America”.

“Навистина ги ценам сите обожаватели и луѓе кои ме поддржуваат пред болницата. Факт е – тие навистина ја сакаат својата земја и гледаат како ја правиме подобра од кога било досега”, напиша Трамп на Твитер.

https://twitter.com/realDonaldTrump/status/1312842736563879936

Американскиот претседател Доналд Трамп започна да прима терапија со стероидот дексаметазон, изјави во неделата неговиот лекар Шон Конли, пренесува Њујорк Тајмс.

Лекарите велат дека Трамп имал висока температура во петокот и пад на нивото на кислород во крвта по втор пат во саботата, сепак неговиот медицински тим соопшти дека тој би можел да биде отпуштен од болницата во понеделник каде што беше примен по позитивен тест од коронавирус.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП