26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКомисијата за заразни болести предлага отворање на границите со Србија, Црна Гора,...

Комисијата за заразни болести предлага отворање на границите со Србија, Црна Гора, Косово и Албанија без ПЦР тест

Комисијата за заразни болести утрово донесе предлог одлука за отворање на границите со Србија, Црна Гора, Косово и Албанија без ПЦР тестирање, информира Министерството за здравство.

Според анализите, во моментов нема индикација, односно нема висок број на импортирани случаи во земјава со Ковод-19 од овие земји. Согласно тоа, нема ризик и безбедно е отворањето на границите.

Во Европската Унија, се додава во соопштението од Министерството за здравство, сите граници на движење се без ПЦР тестирање.

Предлог одлуката ќе биде доставена до Владата на Република Северна Македонија. 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП