19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗачин кој го намалува крвниот притисок

Зачин кој го намалува крвниот притисок

Доколку ве мачи висок крвен притисок, секако мора да ги промените навиките во исхраната, така што најнапред ќе го намалите внесот на сол и маснотии и ќе го зголемите конзумирањето на вода.

Но, заедно со веќе познатите совети кои ќе ја спречат појавата на „тивкиот убиец“, ќе ви помогне и еден миризлив зачин.

Доколку ставите два грама (или половина лажичка) цимет во својата дневна исхрана, полесно
ќе го контролирате крвниот притисок.

Неколку студии веќе потврдија дека горниот и долниот притисок кај возрасните лица го
намалува познатиот зачин – цимет.

– Секако би препорачал циметот да се додаде во секојдневната исхрана, но само тоа нема да ви помогне во намалувањето на крвниот притисок. Исхраната воопшто треба да биде прилагодена на здравствената состојба на организмот. Вежбањето исто така е неопходно, бидејќи активноста ниту еден зачин сигурно не може да ја замени, вели авторот на книгата „The Sooperfoods Rr Diet“ Венди Бразилијан.

Освен во колачите, циметот можете да го јадете за појадок, да го истурите во кафе или јогурт
со житарки.

Исто така исецканото овошје, како јаболко или круша, можете да го збoгатите со овој
миризлив зачин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП