7 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАОткриена супермасивна црна дупка: Вселенското чудовиште зароби дури шест галаксии во својата...

Откриена супермасивна црна дупка: Вселенското чудовиште зароби дури шест галаксии во својата орбита (ВИДЕО)

Научници од Јужноевропската опсерваторија открија дека една супермасивна црна дупка „заробила“ дури шест галаксии во нејзината орбита. Таа црна дупка настанала пред неполни милијарда години по Големата експлозија..

Во студијата објавена во четвртокот, Европската јужна опсерваторија (ESO) детално ја опишале застрашувачки големата црна дупка, со милијарда пати поголема маса од нашето сонце, која успеала да „фати“ цели галаксии на планети и sвезди.

Црната дупка и дискот околу неа се попознати како квазар SDSS J103027.09 + 052455.0.

Марко Мињоли, астроном во Националниот институт за астрофизика (INAF) во Болоња, го спореди начинот на кој црната дупка ги „заробила“ овие шест галаксии со начинот на кој функционира мрежата на пајак, составена од „космички нишки“ на гас и темна материја.

“Вселенските мрежни нишки се како на пајак … Галаксиите стојат и растат таму каде што нишките се вкрстуваат, а „потоци“ од гас – кои ја напојуваат галаксијата и црната дупка течat по должината на нишките”, рече Мињоли, кој го водеше истражувањето.

Се верува дека најраните црни дупки во Универзумот биле создадени со распаѓање на првите sвезди, но сè уште не е јасно како тие пораснале во толку неразбирливи големини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП