26 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРА10 причини (се уште) да не сте богати

10 причини (се уште) да не сте богати

rich-people

Секој сака да е богат, а се разбира, различни се замислите за тоа. Општо земено, да бидеш богат, може да значи да имаш финансиска независност за да ги постигнеш своите цели и да живееш на начинот на кој сакаш.

Пред да станете богати, сепак треба да искорените некои навики кои ви пречат на патот кон успехот. Богатите се одликуваат и со голем број заеднички карактеристики, независно од разликите (професионални, образовни, и др.), повеќето од луѓето не се во финансиската состојба во која сакаат да бидат, а како причина за ова се во многу поголема мера истите, отколку различни.

Еве што советуваат финансиските консултанти да промените во однесувањето за да ја зголемите својата финансиска благосостојба:

1. Трошење пари како веќе да сте богати.

Се разбира дека на секој му е задоволство да си купува скапи работи – луксузни автомобили, дизајнерска облека, големи станови, или најновите технолошки играчки. Ако постојано купувате работи од кои немате потреба, дури и да не се скапи, тоа сериозно доведува до влошена финансиска состојба. Како што се вели во поговорката „ протегај ги нозете до каде ти е чергата“. Во обратен случај ризикувате да паднете во една должничка спирала од која нема излез. Од друга страна треба да гледате и какви алтернативи губите, трошите пари за работи кои не е сигурно дека ќе ви требаат.

2. Немате план.

Нема како да стигнете некаде, ако не знаете каде сте се упатиле. Да стане богат е речиси исто. Создавањето на финансиски план е првиот чекор кон остварувањето на финансиска стабилност. Таков можете да направите сам или со помош на финансиски консултант. Еднаш создадете свои финансиски правила и ставете ги на видно место за да ги гледате и да ве потсетуваат за да не ги прекршите.

3. Немате фонд за итни потреби.

Иако речиси сите луѓе имаат слушнато за овој совет, факт е дека формирањето на таков фонд е релативно ретко. Причината – луѓето често мислат дека „тоа нема да им се случи на нив“ и не се подготвени да жртвуваат дел од моменталната потрошувачка. Во случај на појава на непријатен настан, сепак, многу луѓе се неподготвени.

4. Почнувате подоцна.

Времето не е на ваша страна на патот кон богатење. Со секоја измината година шансите да станете богат се намалуваат. Исто како физичките вежби, стартот на извршувањето на финансискиот план ви е можеби најтешката работа.

5. Не дејствувате, а само се жалите.

„Животот е премногу скап“, „Никогаш нема да излезам од задолженоста“, „Не заработувам доволно пари“ и „Инвестициите се премногу ризични“ се само дел од оправдувања кои луѓето често ги споменуваат. Луѓето кои се со вакви мисли и не се обидуваат да сменат нешто, немаат шанса на патот кон богатењето.

6. Живеете за денес, наместо за утре.

Многу е тешко да мислите за пензионирање, ако сте уште млад и овој проблем не е на дневен ред пред вас. Кога ќе наближи времето, сепак веќе може да е тешко да си ја обезбедите својата старост. Животот за миг често ги наведува луѓето кон импулсивни купувања и употребата на кредитни картички кои ги вметнуваат во „вечна задолженост“ и се релативно скап финансиски производ.

7. Употребете прекумерно високи ризици.

Може и да ви се насмее среќата и веднаш да станете побогат со тоа што сте ставиле се на една карта. При доволно долго такво однесување, сигурно е дека порано или подоцна среќата ќе ви го сврти грбот и можете да изгубите многу (дури сето).

8. Не автоматизирате.

Штедењето е многу тешко и затоа тајната кон него е автоматизирање. Најдете начин за автоматска распределба на мала сума на пари секој месец. Па така многу полесно ќе започнете и ќе ви чини многу помалку напор.

9. Чувство за одговорност.

Можете да имате чувство дека нема потреба да штедите или да ги отплаќате долговите, бидејќи некој друг ќе ве спаси.

 10. Лесно влијаат на вас.

Може и да имаате пријатели, роднини, кои се „хронични шопинг манијаци“. Тоа сепак не значи дека треба да го копирате нивното однесување, што е речиси сигурна гаранција за неуспех на патот кон богатењето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП