26 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАПет причини зошто да го промените работното место

Пет причини зошто да го промените работното место

Промената на работното место, самa по себе претставува стресен чин. Но, некогаш таа промена е неопходна и не треба да ја игнорирате. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да одлучите дали тоа е правилна одлука.

Што треба да направите пред да дадете отказ:

1. Размислете, дали вашата работа Ве прави среќни или несреќни, анализирајте ги своите способности и исправете ги недостатоците.

2. Добро размислете за Вашата иднина. Запрашајте се, што сакате од сопствената иднина и рационално испитувајте ги сите можности.

3. Најдете ги изворите кои ќе Ви помогнат да си ги остварите своите зацртани цели (пријатели, бивши колеги, професионални организации).

Пет причини за да дадете отказ се:

1. Нова реорганизација на фирмата, која Ве направи да се чувствувате помалку продуктивни и да не ги користите своите капацитети.

2. Ако сте доживеале стресно искуство (болест, развод, загуба на драга личност), промената добро ќе Ви дојде.

3. Со новиот шеф не можете да воспоставите конструктивен однос.

4. Новите шефови Ви создале околина во која не се пронаоѓате, и се чуствувате како странец.

5. Чувствувате досада. Тоа значи, сте останеле без инспирацијата која Ве станувала рано од кревет, и поради која сте можеле да ја поднесете градската гужва.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП