16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНов финансиски инструмент на Европската комисија вреден 750 милијарди евра

Нов финансиски инструмент на Европската комисија вреден 750 милијарди евра

Европската комисија предложи вчера, на состанокот на Иницијативата на земјите од Централна и Југоисточна Европа за меѓусебно поврзување на гасните системи (CESEC), финансиски инструмент вреден 750 милијарди евра, што ќе овозможи мобилизација на приватни инвестиции во енергетскиот сектор.

Учесниците на состанокот изразија подготвеност за зајакнување на регионалната соработка, координација и солидарност потребни за решавање на енергетските предизвици со кои се соочува регионот.

За да придонесе за економско закрепнување, ЕК го предложи финансискиот инструмент „Next Generation EU“, вреден 750 милијарди евра.

Инвестирањето во енергетскиот сектор според Европскиот „зелен план“ за постигнување на неутралност на климата до 2050-та година, како што беше посочено, може значително да придонесе за закрепнување и да отвори можности за раст и вработување.

Самиот „CESEC“ ќе придонесе за поставување приоритети за енергетски инвестиции во регионот и за спроведување на нови проекти за поддршка на зеленото закрепнување.

Во овој контекст, министрите разменија мислења за потенцијалот на обновливи извори на енергија во регионот „CESEC“ врз основа на презентацијата на генералниот директор на Меѓународната агенција за обновлива енергија (IRENA).

Домаќини на 7-та министерска видео конференција на „CESEC“ беа комесарот на ЕК за енергија Кадри Симсон и хрватскиот министер за економија и одржлив развој Томислав Ќориќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП