2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПолските милионери сега ја почуствуваа кризата

Полските милионери сега ја почуствуваа кризата

polska

Милионерите во Полска дури минатата година го почуствуваа ударот од економската криза која започна од 2008-та година.

Според податоците за платениот данок во 2012-та година, бројот на Полјаци со милионски заработки бил за 267 помалку, отколку претходната година 2011-та година.

Додека во 2011-та година милионерите во Полска не ја почуствуваа кризата и нивниот број порасна за дури 1.600 на 13.616 во однос на 2010-та, но кризата минатата година значително ги погоди.

Во Полска минатата година, според податоците на даночната управа, повеќе од милион злоти заработиле 13.349 луѓе.

Најмногу од нив се во главниот град Варшава во која е и рекордерот, Полјакот кој заработил 685 милиони злоти или 171.2 милиони евра за кои платил седум милиони евра данок.

Причината за тоа што денеска во Полска има 267 милионери помалку аналитичарите ја гледаат во кризата која ги погоди малите бизниси, но и стравот на Полјаците во несигурни времиња да инвестираат на берзата.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП