20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд отворањето на градинките со коронавирус се заразиле 9 деца и 13...

Од отворањето на градинките со коронавирус се заразиле 9 деца и 13 вработени

Министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти дека само 9 деца во целата земја кои посетувале градинка од отворањето на градинките на 9 септември биле позитивни на коронавирусот, со лесна симптоматологија, а 4 се веќе оздравени.

Вирус е регистриран кај 13 вработени од 311 објекти во земјата.

Само 9 деца во целата земја кои посетувале градинка од отворањето на градинките на 9 септември биле позитивни на…

„Епидемиолошките анкети на случаите во градинките укажуваат дека главно станува збор за пренос на инфекција надвор од установите. Ова покажува дека доследното почитување на протоколите во рамките на установата значи безбеден воспитно-згрижувачки процес за сите“, вели министерот Венко Филипче.

Денеска со градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин, тој ја посети градинката „Бубамара“ во населбата Аеродром каде што разговарале со директорката и вработените како се одвива воспитно-згружувачкиот процес со спроведување на протоколите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП