25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМоже ли дигиталното евро да стане реалност?

Може ли дигиталното евро да стане реалност?

Европската централна банка мора да се подготви за издавање на дигитално евро за да ја надополни улогата на физички банкноти и монети кога и доколку е потребно, рече еден од членовите на управниот одбор на институцијата, Фабио Панета.

Постојат и други централни банкари кои ја разгледуваат можноста за официјално регулирање на дигиталните валути за да се задоволи побарувачката за електронски средства за плаќање и да се соочат со конкуренцијата на биткоинот и другите криптовалути.

ЕЦБ проценува дека дигиталното евро може да биде корисно во земјите каде што луѓето во голема мера ги напуштиле готовинските плаќања, како и во ситуација кога се користат странски електронски пари или не се достапни други форми на финансиски трансакции.

„Ние мора да бидеме подготвени да го користиме дигиталното евро кога условите околу нас ќе доведат до оваа потреба. Ова значи дека сега мора да почнеме да работиме на ова прашање“, рече Панета.

Во моментов, проектот е предмет на јавна дискусија и до средината на 2021-ва година мора да се донесе одлука дали ќе се спроведе.

ЕЦБ предвидува дека депозитите во дигиталното евро ќе имаат „плафон“ и ќе бидат барем делумно врзани за официјалната основна каматна стапка, што во моментов е негативна на -0,5%.

Идеален случај, тие ќе бидат понудени од приватни банки, а не од централната банка, се вели во извештајот на институцијата.

Веќе неколку месеци, шведската централна банка „Riksbank“ ја тестира својата е-круна. Слични обиди прави Централната банка на Кина на една од платформите за заедничко патување.

Сепак, во многу земји од еврозоната, вклучувајќи ја и Германија, плаќањата во готовина сè уште преовладуваат.

Федералните резерви на Соединетите држави, Банката на Англија и Јапонската банка досега се резервирани во издавањето на официјални дигитални валути.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП