23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМесец на штедење

Месец на штедење

“Месец октомври редовно го одбележуваме како месец на штедење. По тој повод ги охрабруваме граѓаните да се запознаат повеќе со работата и резултатите кои ги постигнува Сава пензиско друштво а.д. Скопје, управувајќи со Отворен задолжителен пензиски фонд Сава пензиски фонд и Отворен доброволен пензиски фонд Сава пензија плус”, порачуваат од друштвото.

Овој октомври, време е да размислите да намените дел од своите примања за почеток на Вашето пензиско штедење во доброволниот пензиски фонд Сава пензија плус. Преку агентите на друштвото информирајте се за флексибилните услови, даночните бенефиции и направете го вашиот пензиски план.

Преку вложување во  доброволниот пензиски фонд Сава пензија плус имате можност да ја надополнете пензијата од првиот и вториот пензиски столб и преку дополнително штедење да си осигурете повеќе примања за старост.

Дополнително, доколку си член во задолжителниот пензиски фонд Сава пензиски фонд, ажурирај ги своите лични податоци и одбери годишните извештаи за пензиска заштеда да ги добиваш на твојата електронска пошта.

“Традиционално, месецот на штедење го одбележуваме во повеќе градови низ државата во експозитурите на Сава осигурување а.д. Скопје и НЛБ Банка АД Скопје кои се деловни соработници на Сава пензиско друштво а.д. Скопје”, велат од фондот.

Дали си ти #ШтедачотСоПлан? Посети некое од продажни места на Сава пензиско друштво и информирај се за придобивките од задолжителното и доброволното пензиско осигурување.

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП