25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФОД: Исплатата на обесштетувањето на депонентите на “Еуростандард банка” АД Скопје се...

ФОД: Исплатата на обесштетувањето на депонентите на “Еуростандард банка” АД Скопје се одвива одлично и без поголеми пречки

Фондот за осигурување на депозити ја информира јавноста дека по двонеделен  период од почетокот на исплатата на обесштетувањето на депонентите на “Еуростандард банка” АД Скопје во стечај со право на обесштетување, исплатата се одвива одлично и без поголеми пречки во однос кон депонентите.

До денес се исплатени вкупно 3 милијарди денари што претставува близу 72% од вкупно дозначените средства од Фондот кон четирите деловни банки преку кои се врши исплата на обесштетување.

Сето ова укажува дека исплатата на обесштетувањето се врши со релативно брза динамика и близу ¾ од средствата на депонентите на “Еуростандард банка” АД Скопје во стечај со право на обесштетување, се обесштетени.

Обесштетувањето на наследниците според наследни решенија исто така се одвива непречено преку Фондот за осигурување на депозити. Наследниците ја доставуваат целокупната документација по електронски пат до Фондот, по што Фондот изготвува потврди за обесштетување на депоненти и врши директна исплата на наследниците од сметката на Фондот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП