27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОбјавена тајна снимка од Меланија Трамп

Објавена тајна снимка од Меланија Трамп

Првата дама на САД, Меланија Трамп, била тајно снимена летото 2018 година, во екот на критиките кон Доналд Трамп за одвојување на семејствата кои нелегално влегле во САД.

“Тие велат дека сум соучесник. Иста сум како него, го поддржувам. Не кажувам доволно, не правам доволно таму каде што сум”, се слуша на снимката што тајно ја сними Стефани Винстон Волкоф, поранешна пријателка и советничка на првата дама, која за нивниот однос ја напишала книгата „Меланија и јас“, пренесува Си-Ен-Ен.

Снимките беа ексклузивно објавени во емисија на Си-Ен-Ен во четвртокот вечерта.

На нив се слуша како Меланија зборува за божикната декорација.

“Работам на украсување на Божиќ, кој се грижи за украсувањето, но морам да го сторам тоа, зарем не? И кога работам на декорирање и планирање на Божиќ, тие велат што е со децата кои се разделени. Дајте ми одмор. Каде беа тие кога Обама го правеше тоа. Не можам да одам. Се обидов повторно да го обединам детето со мајката. Немав шанса. Треба да помине низ голем процес и закони”, рече Меланија.

Како што се наведува, политиката на г-ѓа Трамп се чини дека е различна од онаа на нејзиниот сопруг, додавајќи дека за време на Барак Обама, децата биле одделени од родителите само кога властите биле загрижени дали можат да ги издржуваат своите деца или кога се сомневаат дали родителите возрасни.

Шефот на кабинетот на Меланија, Стефани Гришам, го осуди тајното снимање на Меланија.

Во книгата, Волкоф опишала приватни разговори со Меланија, од ладни односи со пасторката на Иванка до нејзиниот брак, ставови за граничната полиција, Мишел Обама, до контроверзната јакна што Меланија ја носеше во 2018 година и на која пишуваше „Не ми е гајле“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП