28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗNovitec го „стокми“ Aventador до 1100КС

Novitec го „стокми“ Aventador до 1100КС

aventador

Германската компанија „Novitec“ започна тјунинг програма за „Lamborghini Aventador“. На сопствениците на италијанскиот суперавтомобил ќе биде понуден избор во моќноста на моторот, аеродинамичките пакети, суспензијата и бандажите.

Инженерите на „Novitec“ веќе имаат развиено три нивоа за 6.5 литарскиот V12 „ѕвер“. Во првиот моторот останува со атмосферското пополнување и од стандардните 700 КС достигнува до 800 КС.

Вториот вклучува два турбополначи и се останато за постигнување на 900 КС.

Третиот пакет има повторно пар турбополначи, но работи на повисоко притисок. Клипови и останатитите елементи се заменети со појаки, за да се постигнат сигурни 1100 КС!

Суспензијата е подобрена, а се предлага и систем за сопирање со уште поголеми дискови и апарати. Изборот на тркала е голем и вклучува димензии до 22 инчи.

Од „Novitec“ не објавија колку ќе чини целосната програма, но се чини дека никој не прашува!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП