Истражувањата јасно го покажуваат она што сите го знаеме: ако некој сака да работи, а не наоѓа работа, лесно паѓа во депресија.
Што би било добро да правите? Излезете надвор, покажете ја позитивната енергија и работата ќе ве пронајде вас.
Проверете ги своите профили на социјалните мрежи
Facebook, Twitter, linkedIn, сите страници на кои имате профили, говорат за вас и ве претставуваат пред другите луѓе. Ќе разберете дека можат да ве ценат, а можеби ќе добиете инспирација да се јавите на некои од нив.
Поработете на оптимизмот
Со луѓето кои ви се блиски и важни бидете онакви како што се чувствувате, но со потенцијалниот работодавец обидете се да зрачите со оптимизам. Ако верувате дека брзо ќе пронајдете работа, ќе веруваат и луѓето околу вас.
Ако веќе не можете да работите…
Не е толку важно што работите. Иако е демотивирачки да работите за нула денари кога ви е навистина потребна работа, сфатете дека волонтирањето е многу попријатно.