понеделник, 3 октомври 2022
ПочетнаЕКОНОМИЈАВелика Британија забрани употреба на пластични сламки за еднократна употреба, лажички за...

Велика Британија забрани употреба на пластични сламки за еднократна употреба, лажички за мешање и стапчиња за уши

Забраната за пластични сламки за еднократна употреба, лажички за мешање и стапчиња за уши стапи на сила во Англија.

Оваа одлука првично требаше да почне да се применува во април, а според неа продажбата на тие артикли е ставена надвор од законот.

Се проценува дека луѓето во Англија годишно употребуваат 4,7 милијарди пластични сламки, 316 милиони лажички за мешање и 1,8 милијарди стапчиња за уши, пренесува Би-би-си.

Борците за заштита на животната средина ја поздравија ваквата одлука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП