11 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИгор Лештар генералниот директор на Seavus Group прогласен за амбасадор на технолошката...

Игор Лештар генералниот директор на Seavus Group прогласен за амбасадор на технолошката индустрија за Балканот

seavus3

Шведската владина организација Кластер 55 која во последните десет години во светот успешно ги поврзува светските ИТ компании во улога на стратешки фасцилитор за развој и меѓународно вмрежување, оваа недела во Скопје официјално го прогласи Игор Лештар, генералниот директор на Seavus за амбасадор за Балканот.

На официјалното прогласување беше потпишан и договор преку кој странските пазари ќе станат многу подостапни за компании од ИТ индустријата од Македонија и Балканот.

„Потпишувањето на овој договор на регионалните компании ќе им овозможи по централизирано и полесно интегрирање со светскиот пазар. Овој договор претставува значаен напредок во процесот на паралелизирање на развојниот курс на ИТ индустријата од Македонија и регионот со динамиката на развој на светските компании од истата индустрија. Привилегија, но и одговорност е да се добие титулата амбасадор за Балканот преку која верувам дека повеќе страни ќе имаат големи придобивки”, изјави Лештар при потпишувањето на договорот за соработка.

Моделот на договорот им овозможува на компаниите брз пристап до информации и контакти до сите ИТ светски здруженија, повисоко ниво на соработка, размена на идеи, искуства и бизнис вмрежување.
Според Филип Станковски, проектен менаџер на Шведскиот Кластер 55,  логиката на функционирање на овој модел е едноставна и се базира на традиционалната солидарност и довербата.

Кластер 55 е шведска организација која е основана во 1999 година чија основна дејност е поврзување на ИТ компаниите во светот со цел унапредување и проширување на бизнисите на глобално ниво. Seavus e најголемата ИТ и софтверска компанија  во Македонија која успешно работи на македонскиот и на светскиот пазар. Менаџментот на Seavus од самиот почеток на работењето ја препозна важноста од меѓународната соработка и нејзината голема улога во развојот на бизнис во ИТ секторот.

seavus1

 

seavus2

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП