петок, јануари 22, 2021
5 °c
Skopje
3 ° пет
5 ° саб
4 ° нед
  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум
Денар
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
Денар
Нема резултати
Види ги сите резултати
ADIN 690.00 0%    ALK 13,759.07 -0.14%    CEVI 400.00 -0.25%    GRNT 1,159.37 -1.5%    KMB 7,694.49 -0.14%    MKSD 192.00 0%    MPT 73,533.91 0.47%    SBT 2,899.37 5.43%    STB 1,167.37 1.03%    TEL 319.05 -0.09%    TKVS 5,000.00 2.04%    TNB 18,793.66 -0.03%    UNI 2,530.00 0%    ZPKO 2,911.00 0%    
Почетна ЕКОНОМИЈА

Берлин е за старт на преговорите до крајот на годинава

октомври 2, 2020
во категорија ЕКОНОМИЈА, МАКЕДОНИЈА, НАЈНОВИ ВЕСТИ
A A
Берлин е за старт на преговорите до крајот на годинава
0
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на LinkedInСподели на Twitter

Германија, актуелниот претседавач со ЕУ, очекува до крајот на годинава да биде одржана првата Меѓувладина конференција и да почнат пристапните преговори со С.Македонија. Според официјален Берлин, земјата ги исполни условите и затоа треба што побрзо да ги почне преговорите со ЕУ.

– Во својство на претседавач со Советот за општи работи, гордо изјавувам дека планираме да започнеме со организација на првата Меѓувладина конференција и да ги започнеме пристапните преговори со Северна Македонија. Прилично сме оптимистични дека можеме да започнеме со пристапните преговори пред крајот на нашето претседавање. Во моментов имаме многу плодна и позитивна дискусија со другите земји членки на ЕУ, која треба да заврши со договор за рамката за пристапните преговори, изјави германскиот министер за Европа Михаел Рот по вчерашната средба со министерот за европски прашања Никола Димитров.

Северна Македонија, според него, ги исполни условите и сега е вистинско време ЕУ да испорача и да ги отвори преговорите што е можно побргу.

Порака и потврда дека официјален Берлин го поддржува почетокот на преговорите на Северна Македонија со ЕУ до крајот на годината, дојде и од шефот на германската дипломатија Хајко Мас.

За дополнителните услови што ги поставува Бугарија, Мас вели дека решенија за отворените прашања треба да се бараат на билатерално ниво и оти е оптимист дека овие прашања во скоро време ќе бидат затворени.

– Што се однесува до јазикот, до името тоа се многу детални преговори кои што се одвиваат. Тоа се прашања кои што билатерално мора да се решат меѓу Северна Македонија и Бугарија. Тие се обидуваат да изнајдат решение и тоа го поддржуваме да биде што е можно побрзо за да може да се продолжи со пристапниот процес за Северна Македонија бидејќи таа веќе долго чека на тоа. Преспанскиот договор е нешто историско што беше постигнато во Северна Македонија и затоа сум оптимист дека прашањата кои што се отворени во догледно време ќе можат да бидат решени. Меѓутоа за тоа потребни се понатамошни разговори кои ќе треба да се одржуваат како на ниво на ЕУ исто така и помеѓу Северна Македонија и Бугарија, рече Мас.

Оптимисти дека германското претседавање со ЕУ и 2020 ќе бидат запаметени како успешни за македонската евроинтеграција, се министерот за европски прашања Никола Димитров и шефот на дипломатијата Бујар Османи.

– За успешно заокружување на годината, по одлуката во март, потребна е уште една значајна одлука која што ќе го отвори патот кон конечно остварување и на втората стратешка цел – полноправно членство во Европската Унија. Со пријател како Германија на чело на Унијата, заедничкиот успех е на дофат, вели Димитров.

Османи, пак, смета дека претседателството на Германија со ЕУ нуди неповторлива и неодминлива шанса земјава да започне со исполнување на вториот важен државен стратешки приоритет – членството во ЕУ, покрај членството во НАТО што го остваривме оваа година.

Османи следната недела ќе оди во посета на Бугарија во обид да се најде решение за условите што ги поставува Буграрија за одржување на првата меѓувладина конференција за почеток на преговори меѓу Северна Македонија и ЕУ.

Неговата бугарска колешка Екатерина Захриева вчера изјави дека добрососедските односи се основен услов и критериум за членство во ЕУ и тое не е нешто што ги измислила Софија.

– Северна Македонија мора да го почитува и да го спроведува Договорот за пријателство и добрососедство што го потпишавме. Гоце Делчев е едно од многуте прашања што треба да се решат. Ние инсистираме на добрососедство, што не е критериум за членство што го измисли Бугарија, туку е европски – што треба да се набљудува за време на целата преговарачка рамка, ја пренесува БГНЕС изјавата на бугарската вицепремиерка.

На прашањето за одржување на првата меѓувладина конференција за почеток на преговори меѓу Северна Македонија и ЕУ, Захариева не одговотетно, посочувајќи оти се уште трае процесот на дискутирање на преговарачката рамка во европските работни групи.

Тагови: берлиневропскамакедонијапреговориунијаусливи
СподелиСподелиТвитни

Коментари

Претходна Објава

Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер

Следна Објава

Дневен хороскоп 02.10.2020

ПРОЧИТАЈ ИНФОРМАЦИЈА ПОВЕЌЕ

Кристијано Роналдо стана најдобар стрелец во историјата на фудбалот
АВТОБИЗ

Кристијано Роналдо стана најдобар стрелец во историјата на фудбалот

јануари 21, 2021
32

Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо синоќа постигна гол против Наполи (2:0) во Суперкупот на Италија. Овој погодок беше 760. за...

Прочитај повеќе
Еврозоната во декември бележи дефлација, најниски стапки во Грција, Словенија и Ирска
ЕКОНОМИЈА

Еврозоната во декември бележи дефлација, најниски стапки во Грција, Словенија и Ирска

јануари 21, 2021
115

Инфлацијата во еврозоната беше минус 0,3 проценти на годишно ниво во декември, останувајќи во негативна територија четврти месец по ред,...

Прочитај повеќе
ЕЦБ ја остави монетарната политика непроменета
ЕКОНОМИЈА

ЕЦБ ја остави монетарната политика непроменета

јануари 21, 2021
14

Европската централна банка (ЕЦБ) ја остави монетарната политика непроменета на својот прв состанок во 2021-ва година, при што банкарите зазедоа...

Прочитај повеќе
„Lancia“ станува премиум бренд
АВТОБИЗ

„Lancia“ станува премиум бренд

јануари 21, 2021
117

Концернот „Stellantis“, кој обединува 14 брендови од „PSA“ и „FCA“ под едно крило, ја претстави својата нова стратегија за позиционирање....

Прочитај повеќе
Уште една голема марка се откажува од телефонот?
ТЕХНОЛОГИЈА

Уште една голема марка се откажува од телефонот?

јануари 21, 2021
454

Сепак, во последните неколку години, „LG“ помалку го губи чекорот во трката со големите играчи на пазарот на паметни телефони....

Прочитај повеќе

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Кристијано Роналдо стана најдобар стрелец во историјата на фудбалот

Кристијано Роналдо стана најдобар стрелец во историјата на фудбалот

јануари 21, 2021
Еврозоната во декември бележи дефлација, најниски стапки во Грција, Словенија и Ирска

Еврозоната во декември бележи дефлација, најниски стапки во Грција, Словенија и Ирска

јануари 21, 2021
ЕЦБ ја остави монетарната политика непроменета

ЕЦБ ја остави монетарната политика непроменета

јануари 21, 2021
„Lancia“ станува премиум бренд

„Lancia“ станува премиум бренд

јануари 21, 2021
Уште една голема марка се откажува од телефонот?

Уште една голема марка се откажува од телефонот?

јануари 21, 2021

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

  • Колку е богат новиот претседател на Америка

    Колку е богат новиот претседател на Америка

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Уште една голема марка се откажува од телефонот?

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Нови 72 заразени со Ковид-19, починаа 13 лицa

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • „Tesla“ доби дозвола за изградба на фабрика во Германија

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Не ги игнорирајте овие симптоми, може да укажуваат на дијабетес

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0

ХОРОСКОП

Дневен хороскоп 21.01.2021
ХОРОСКОП

Дневен хороскоп 21.01.2021

јануари 21, 2021
2.3k
Неделен хороскоп 18.01.2021 до 24.01.2021
НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП

Неделен хороскоп 18.01.2021 до 24.01.2021

јануари 18, 2021
4.1k
Следна Објава
Дневен хороскоп 02.10.2020

Дневен хороскоп 02.10.2020

Денар

  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани

Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани