Данската агенција за енергетика (DEA) издаде дозвола на компанијата „Nord strim 2 AG“ за експлоатација на гасоводот „Северен поток 2“ на континенталниот праг на оваа земја.
„Данската агенција за енергетика издаде дозвола на „Nord strim 2 AG“ за работа на гасоводот „Северен поток 2“ на континенталниот праг на Данска“, се вели во соопштението.
Исто така, се наведува дека дозволата е издадена врз основа на низа услови што треба да обезбедат безбедно работење на гасоводот.
„Условите на градежната дозвола за „Северен поток 2“ од 30-ти октомври 2019-та година остануваат во сила, бидејќи сè уште не се исполнети, а во исто време тие се неопходни за фазата на експлоатација“, се додава во соопштението.
Проектот „Северен поток 2“ вклучува изградба на две гранки на гасоводот, чиј вкупен капацитет ќе изнесува 55 милијарди кубни метри гас годишно. Гасоводот ќе се протега од брегот на Русија, преку Балтичко Море, до Германија.
Украина активно се бори против изградбата на гасоводот „Северен поток 2“, стравувајќи дека ќе ги загуби приходите од рускиот транзит на гас, како и бројни европски земји, вклучувајќи ги Полска, Латвија и Литванија, како и САД, кои сакаат да го продадат својот течен природен гас во ЕУ.