3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТокиската берза за прв пат во својата историја целосно го запре тргувањето...

Токиската берза за прв пат во својата историја целосно го запре тргувањето за цел ден

Хардверски проблем предизвика берзата во Токио за прв пат во својата историја целосно да го запре тргувањето за цел ден.

Берзата објави дека техничкиот проблем настанал поради проблеми со хардверот. Бекап уредот не успеал да проработи, што оневозможил дистрибуција на берзантските информации, пишува CNN.

Застојот влијаел и на помалите јапонски берзи во Нагоја, Фукуока и Сапоро, кои го делат истиот трговски систем како и TSE.

Еднодневниот застој претставува значително нарушување на берзата, која вреди околу шест трилиони долари и е најголема во светот по американската и кинеската, според статистичките податоци собрани од Светската берзантска федерација.

TSE соопшти дека го заменува хардверот „за да обезбеди нормално тргување“ од петок па натаму.

Берзата соопшти дека „искрено се извинува за непријатностите нанесени на инвеститорите и луѓето поврзани со берзата“.

Суспензијата е „за жалење“, рекол на прес-конференција Катсунобу Като, главниот јапонскиот секретар на кабинетот. Тој додаде дека финансискиот регулатор на земјата им наложил на берзата и нејзиниот оператор Japan Ekchange Group да ја испитаат причината за грешката.

Запрашан за можноста за сајбер напад, Като рече дека „досега не слушнал за такви информации“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП