Така мал, а така силен… оваа ароматична смола се добива од дрвото Boswellia, а со нејзиното палење се развива исклучително силен и необично пријатен мирис.
Многуброните лековити својства на темјанот не им се познати на луѓето, иако речиси сите го имаат во домот, но сепак ретко ги користат неговите лековити својства.
Во земјите на Блискиот исток се користи за одржување на здравјето на усната шуплина. Луѓето од ова поднебје ја џвакаат смолата темјан и така го подобруваат здравјето на забите и непцата. Антимикробните својства кои ги поседува темјанот, спречуваат инфекции.
Темјанот ја ублажува болката која е предизвикана од артритис, без предизвикување на никакви несакани ефекти. Ја подобрува циркулацијата, како и протокот на крв низ крвните садови оштетени од воспалителни процеси. Научните истражувања потврдија дека екстрактот, темјановиот ацетат, ги намалува невролошките оштетувања и ефикасно делува против депресија и напнатост, го намалува нивото на холестерол и спречува болести на крвните садови.
Темјанот се користи и за ослободување од стрес, напнатост, хистерија и депресија, купка со масло од темјан помага при менструалните болки и воспаленијата на уринарниот тракт, а помага и при бронхитис, астма, синузитис, чести настинки и алергии.