19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЊујорк воведува казни за тие што нема да носат маски

Њујорк воведува казни за тие што нема да носат маски

Њујорк ќе воведе казни за сите кои нема да носат маски, се додека бројот на позитивни случаи се качува над 3 проценти, рекол градоначалникот Бил де Бласио.

Освен Њујорк, 28 други држави забележале зголемување на бројот на заразени во последните две недели и пораст на хоспитаслизирани поради Ковид-19 во неколку држави во Средниот запад.

Њујоркшките полицајци прво ќе понудат бесплатни маски на оние кои ќе ги видат без маски во јавност. Ако ги одбијат маските, ќе добијат казна, рекол Де Бласио.

„Не сакаме да ги казнуваме луѓето, но ако мораме, ќе казнуваме“, рекол тој.

Казните, кои ќе бидат до 1000 долари, ќе ги спроведуваат градската полиција и здравствените власти.

Слична уредба воведе државната управа на градскиот превоз според која патниците кои одбиваат да носат маска во јавен превоз плаќаат казна од 50 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП