29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропските земји доминираат меѓу првите десет по зголемувањето на цените на недвижнините

Европските земји доминираат меѓу првите десет по зголемувањето на цените на недвижнините

Турција е на првото место според зголемувањето на цените на недвижнините во последниот квартал, од почетокот на 2020-та година и во последните 12 месеци, покажуваат податоците на „Knight Frank“.

Растот на цените на имотот во последните 3 и 6 месеци е 11,2 и 17,4 проценти, соодветно, додека зголемувањето за минатата година е 25,7 проценти.

Амортизацијата на турската лира, како и инфлацијата во земјата, која заклучно со август е 11,77 проценти на годишно ниво, се главните причини за порастот на цените на имотот во Турција.

Европските земји заземаа осум од првите 10 места во рангирањето за растот на цените на имот во последниот квартал.

По Турција, најголем пораст е забележан во Естонија (4,8%), Јапонија (4,1%) и Луксембург (3,8%). Исто така над 3% е растот на цените на имотот во вториот квартал во Перу (3,7%), Словачка (3,6%), Полска (3,6%), Романија (3,3%), Норвешка и Канада (по 3,2%).

Нов Зеланд, Германија и Јужна Кореја – или некои од земјите за кои се верува дека добро се справиле со коронарна кризата – објавија мешани резултати за периодот.

Германија сè уште нема објавено податоци за вториот квартал, додека Нов Зеланд падна од 2-ро на 11-то, откако имотите паднаа за 4,1 проценти во трите месеци до јуни.

Растот во Нов Зеланд во последните 12 месеци останува висок – 9,1 процент. Во Јужна Кореја е пријавено минимално зголемување од 0,5 проценти, што покажува дека влијанието на пандемијата на светските пазари е различно, а тоа секако зависи и од времетраењето на вонредната состојба и од состојбата на пазарот пред кризата во одделни земји.

Најголем пад во последниот квартал е забележан во Литванија (-6,6%), Нов Зеланд (-4,1%) и Малта (-3,8%).

Вкупно 7 од 56-те истражувани пазари од „Knight Frank“ објавија двоцифрен раст за 12-те месеци до јуни. Покрај Турција, ова се Луксембург и Литванија, каде цените на недвижностите пораснаа за 13,9, односно 12,4 проценти, како и Естонија и Полска, кои се зголемија за 11,5 и 11,3 проценти.

Растот во Словачка и Украина за овој период е 11,2%, додека во Чешка зголемувањето е 9,5%.

Пад на цените на домовите во споредба со една година претходно беше пријавен во Хонг Конг, Малта, Индија, Финска и Мароко.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП