23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманските компании ќе отпуштат најмалку 80.000 луѓе

Германските компании ќе отпуштат најмалку 80.000 луѓе

Се очекува дека германските компании ќе отпуштат најмалку 80.000 работници до крајот на следната година, објави денеска весникот „Handelsblat“ врз основа на своите истражувања.

До крајот на оваа година ќе бидат загубени 40.000 работни места, но програмите за реструктуирање на компаниите во текот на 2021-ва и економското влијание од пандемијата со Ковид-19, како што се претпоставува, двојно ќе го зголеми овој број.

Се очекува намалување на обемот на деловната активност во сите скетори, особено во технологијата, софтверот и храната.

Германските медиуми предупредуваат, само за споредба, дека компаниите кои се наведени на „DAX“ отпуштија 85.000 работници во текот на глобалната економска криза во 2008-2009-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП