19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкипаж на крузер во Грција заразен со коронавирус, 922 патници не смеат...

Екипаж на крузер во Грција заразен со коронавирус, 922 патници не смеат да го напуштат бродот

На крузерот „Мајн Шиф 6“ беше спроведено случајно тестирање на 150 од 666 членови на екипажот. Целиот заразен персонал е асимптоматски, пишува „Гардијан“.

„Во понеделникот ги добивме резултатите од тестирањето на персоналот и беше утврдено дека 12 члена на екипажот се позитивни на коронавирус“, соопшти туристичката компанија „Туи“.

„Како дел од мерките на претпазливост и во согласност со строгите мерки за продолжување на крстосувањето договорено со властите во Грција, позитивните лица веднаш беа ставени во изолација на бродот“, додаваат од компанијата.

Крузерот со знаме на Малта патувал преку Пиреја до Крф. Капетанот престанал да плови веднаш штом дознал за резултатите од позитивните тестови и се закотвил пред островот Милос, се додека грчките власти не му наредиле да се упати кон главниот пристаништен град.

Грчките медиуми јавуваат дека сите 922 патници ќе бидат затворени во своите кабини за време на патувањето.

Сепак, ова тврдење беше демантирано од компанијата Туи, која управува со овој луксузен брод заедно со американската компанија „Ројал карибијан“.

„Патниците можат да се движат нормално со брод, а крстосувањето продолжува според планираното“, кажаа од „Туи“.

Експертите за јавно здравје ќе го посетат крузерот кога ќе пристигне во Пиреја, а властите навестија дека никој нема да смее да се симне од бродот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП