4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Хрватска ќе се продаваат дијаманти на шалтер во банка

Во Хрватска ќе се продаваат дијаманти на шалтер во банка

dijamanti

Дијамантите се засекогаш, вели еден познат рекламен слоган, но во Хрватска беше многу тешко да се стигне до нив. Всушност, една од директните последици од влегувањето на Хрватска во Европската Унија е тоа што дијамантите ќе почнат да се продаваат на шалтерите во банките.

Како што пишува еден хрватски весник, една од неколкуте меѓународни компании која се занимава со трговија на дијаманти, во текот на овој месец преку една домашна банка ќе им понуди на хрватските граѓани да можат да купуваат односно да инвестираат во дијаманти. Договорот за новиот банкарски производ ќе биде потпишан оваа недела, поради што ниту трговецот со дијаманти ниту домашната банка не сакаат да го откријат својот идентитет.

Инвестициите во дијаманти на Хрватите им ги донесе влезот во Европската унија. За новата членка да биде во согласност со правото на Европската унија, од почетокот на оваа година во Хрватска беше укинат данокот за луксуз, која досега изнесуваше 30 отсто.

Инвестициските дијаманти на хрватските клиенти ќе им бидат понудени како алтернативна форма за штедење, а конкуренција се инвестирањето на парите во популарното злато, но, исто така и недвижностите се замена за трендот во минатото на чување на парите во чорапи, под душек или во домашен сеф.

Инвестициските дијаманти како што велат експертите, не се онакви дијаманти какви што купуваат богатите каваљери на жените да ги носат на прст или околу вратот, и не можат да се купат во локална продавница за накит. Уште поважно е тоа што во иднина купувачите на такви дијаманти мора да знаат дека локален златар дефинитивно нема да сака да им ги откупи.

Всушност, уште од почетокот на 80-тите години на минатиот век кога пукна т.н. дијамантски меур, во кој многумина изгубиле многу пари, со оглед на тоа дека пазарот на дијаманти во тоа време не беше регулиран и контролиран, инвестициските дијаманти станаа строго контролирана стока.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП