16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОрганизаторите на Ролан Гарос објаснија зошто го прекинаа интервјуто на Џоковиќ! (ВИДЕО)

Организаторите на Ролан Гарос објаснија зошто го прекинаа интервјуто на Џоковиќ! (ВИДЕО)

Тенисерот број 1 во светот Новак Џоковиќ беше прекинат за време на прес-конференцијата пред неговиот прв натпревар на Ролан Гарос, а потоа беше цензуриран во официјалниот извештај од конференцијата, а сега организаторите објавија и објаснија каде настанал проблемот.

За време на обраќањето пред печатот, Новак Џоковиќ зборуваше за болни теми поврзани со пандемијата на коронавирусот, па се осврна на лажните тестови, поради што некои, како Дамир Џумхур, беа дисквалификувани од турнирот.

“Би сакал оние кои беа позитивни на тестот, 24 часа подоцна да бидат повторно тестирани, за да утврдат дали тоа е “лажно позитивен” резултат или навистина позитивен. Ако е двапати позитивен резултат, тогаш се разбира, таков играч треба да биде надвор од турнирот, но ако тоа е лажно позитивен првичен резултат, треба да му биде дозволено да игра“, изјави Џоковиќ, а потоа нагло беше прекинат.

Дека кријат нешто од Ролан Гарос, се виде и кога ја закачија прес-конференцијата на Новак на нивниот официјален канал на Youtube во траење од минута и пол, додека на интернет сега кружи подолга верзија од шест минути, што покажува дека Џоковиќ бил прекинат иако не одговарил на сите прашања од новинарите.

На сето тоа пристигна кратко објаснување на организаторите на Ролан Гарос, во кое се наведува дека конференцијата е прекината од страна на модераторот.

“Фала момци, ти благодарам Новак. Завршивме …”, рекол модераторот додека новинарот му поставувал прашања на Новак.

„Новинарот имаше право на три прашања“, објаснија организаторите.

Сега … Без разлика дали станува збор за строго почитување на правилата или цензура, останува прашање …

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП