7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАлбанија и ја одзема лиценцата на ЧЕЗ

Албанија и ја одзема лиценцата на ЧЕЗ

cez

Албанската регулаторна комисија одлучи на чешката енергетска компанија Чез да и ја одземе лиценцата за дистрибуција на електрична енергија во таа земја.

Регулаторната комисија ја тужи компанијата дека не обезбедила дистрибуција на струја и не ја известила дистрибутивната мрежа, додека ЧЕЗ смета дека постапката на албанската институција е во спротивност со локалните закони.

ЧЕЗ ќе поднесе формален протест против одлуката на Комисијата, а истовремено ќе превземе чекор за меѓународна арбитража, изјави потпаролот Барбора Пулпанова, за агенцијата ЧТК.

Албанскиот регулатор истовремено со одземање на лиценцата на дистрибутивната компанија Чез Шпендарје, одреди и администратор кој ќе управува со фирмата. Според Пулпанова, ЧЕЗ со таа одлука ќе ги изгуби акционерските права во дистрибутерската фирма во Албанија.

ЧЕЗ не се сложува со тоа што за функционирањето на фирмата своеволно одлучува само регулаторниот орган и смета дека тоа не е во согласност со европските норми ниту со албанските закони.

ЧЕЗ влезе во Албанија во 2009 година, кога за 102 милиони евра купила 76 проценти од постоечкиот дистрибутер на електрична енергија. Компанијата минатата година западнала во проблеми, бидејќи државниот регулатор дупло ја зголемил цената на струјата која ЧЕЗ Шпендарје морала да ја плати на државниот произведувач на електрична енергија, а не и е дозволено да ја зголеми цената за потрошувачите.

ЧЕЗ во ноември ја прекинала струјата од државниот водовод како би принудила исплата на долгот за испорака на електрична енергија, кој достигнал 38 милиони евра. Меѓутоа судот во Тирана наредил водоводот повторно да се приклучи.

Во декември албанската влада ја обвини чешката групација за долг од милијарда долари за штетата која ја направила на Албанија.

Чез минатата година соопшти дека доколку не успее да се договори со албанските институции и доколку и пропадне работата во таа земја, од Светската банка ќе побара надокнада за штетата врз основа на гаранцијата која ја договориле пред влез на албанскиот пазар.

Агенцијата Мудис проценила дека ЧЕЗ со заминувањето од Албанија ќе изгуби 200 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП