20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНовиот шеф на „Commerzbank“ доаѓа од „Deutsche Bank“

Новиот шеф на „Commerzbank“ доаѓа од „Deutsche Bank“

„Commerzbank AG“ го назначи директорот за трговија на „Deutsche Bank AG“, Манфред Ноф за нов извршен директор, пренесува „Bloomberg“. Ноф ќе биде одговорен за извршувањето на најлошото реструктуирање на „Commerzbank“ во последната деценија, соопшти агенцијата.

Ноф ќе го замени Мартин Цилке на 1-ви јануари 2021-ва година. Тој е познат по тоа што е цврст во намалувањето на непотребните трошоци, тврдат блиски луѓе. Ова ќе биде корисно за спроведување на програма што може да доведе до губење на работни места на околу 10.000 лица.

„Манфред Ноф е искусен и високо ефикасен врвен менаџер кој се докажа во широк спектар на задачи во секторот за финансиски услуги“, рече претседателот на „Commerzbank“ на Надзорниот одбор Ханс-Јорг Ветер во соопштението за јавноста. „Тој го има потребното искуство и човечки лидерски вештини за задачите што претстојат“, додаде Ветер.

Втората по големина банка во Германија падна од лидерската позиција по кризата на почетокот на јули кога Цилке и Ветер, како и нивниот претходник Стефан Шмитман објавија дека ќе си дадат оставка. Нивното заминување уследи по неколкумесечна критика на главните акционери на банката, германската влада и „Cerberus Capital Management“, за лошите перформанси на банката.

Акциите на „Commerzbank“ годинава паднаа за повеќе од 26% во споредба со помалку од 1% пад на акциите на „Deutsche Bank“.

Банката во моментов работи на нова стратегија што може да доведе до затворање на 800 филијали и да го намали странското присуство, покрај намалувањето на работната сила.

Назначувањето на Ноф доаѓа 18 месеци откако „Commerzbank“ не успеа да се спои со „Deutsche Bank“. Една од главните идеи зад унијата ќе биде да се постигнат длабоки намалувања на трошоците во нивните споени продажни места благодарение на масивните преклопувања во експозитурите и задните канцеларии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП