26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНепријатели на нашите заби…

Непријатели на нашите заби…

Освен одржувањето редовна хигиена на забите и устата, постојат уште неколку работи на кои треба да се обрне внимание, како избегнувањето на одредена храна, пишува „Huffington Post“.

На сите им е познато дека бонбоните и чоколадата се најпознатите непријатели за здравјето на забите, но постојат уште неколку намирници и пијалоци кои можат да бидат штетни за оралното здравје на забите.

Суво овошје

Идеално е за секојдневна конзумација и дефинитивно е подобро од чоколадните десерти, но преполно е со шеќери и се лепи за забите. Шеќерот се храни со бактериите во устата што пак може да ја поттикне забната ерозија. Ова не значи дека не треба да јадете суво овошје, туку значи дека по конзумација е пожелно да ги измиете забите.

Свежото овошје не го предизвикува овој проблем, бидејќи овошниот шеќер се меша со плунката и овошниот сок и не може толку цврсто да остане на забите.

Сокови

Честото пиење на газирани сокови е особено лошо за здравјето на забите, бидејќи на тој начин тие се изложени на киселините што се наоѓаат во нив. Пожелно е чашата сок да се пие одеднаш, отколку малку по малку.

Тврди бонбони

И тие се лош избор за оралното здравје бидеќи шеќерот долго се задржува во устата.

Алкохол

Според резултатите од студијата направена од „Yale Medical Group“, плунката е многу важна бидејќи природно ги мие забите од насобраните нечистотии, а алкохолот го намалува создавањето на плунка во устата.

Алкохоличарите многу често имаат проблеми со забното непце бидејќи алкохолот го иритира ткивото и ја намалува природната количина на плунка во устата.

Цитрусно овошје

Храната богата со киселини како цитрусните овошја или доматите можат да предизвикаат кариес. Затоа е најдобро по консумација да ја исплакнете устата со вода. Цитрусните овошја содржат и шеќери така што луѓето најчесто грешат кога го вшмукуваат сокот од кората на лимонот или портокалот бидејќи на тој начин директно ги аплицираат киселината и шеќерот на забите.

Храна богата со скроб

Чипсот или белиот леб долго се задржуваат на забите што може да предизвика наслаги.

Кафе и чај

Познато е дека кафето и чајот оставаат дамки на забите поради кофеинот. Но, постои уште една опасност бидејќи забите стануваат полепливи од овие напитоци така што покрај нив се лепат и други наслаги.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП