„Volkswagen“ конечно го претстави првиот целосно електричен „SUV“ кој ја има ознаката „ID.4“ и чие производство веќе започна.
„Volkswagen ID.4“ изгледа препознатливо затоа што многу работи дели со неодамна претставениот модел „Škodа Enyaq iV“. Токму така, „ID.4“ е исто така базиран на „MEB“ платформата која групацијата „Volkswagen“ ја разви за електричните автомобили.
Во внатрешноста има сосема доволно места за пет лица, возилото е долго 4.584 mm, а широко е 1.852 mm и високо е 1.612 mm, a тоа значи дека е малку помало од „Enyaq“. Сепак е подолго од „Tiguan“, но е пошироко и малку пониско.
Багажниот простор изнесува 543 литри, односно 1.575 литри со преклопени задни седишта. Кога станува збор за „Tiguan“, просторот изнесува 615 и 1.655 литри.
Првите примероци на „ID.4“ ќе се произведат со истите технички спецификации, еден електромотор кој развива 201 KS, на задниот погон, батерија од 77 kWh, со домет од 520 km, како и забрзување од 0 дo 100 km/h за 8,5 секунди и максимална брзина од 160 km/h.
Максималната моќ на полнење изнесува 125 kW, a со половина час полнење ќе биде доволно автомобилот да мине до 322 km.
Најмоќниот модел ќе има уште поголема моќ и поголем домет, а се очекува и основен модел со помала батерија и помал домет. Продажбата ќе започне до крајот на годината, а во Германија „ID.4“ ќе чини нешто помалку од 50.000 eвра.