3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРастот на понудата на пари во еврозоната забави во август (ИНФОГРАФИК)

Растот на понудата на пари во еврозоната забави во август (ИНФОГРАФИК)

Годишната стапка на раст на монетарниот агрегат „М3“ или т.н. „широките пари“ паднаа на 9,5% во август 2020-та година од 10,1% во јули и во просек изнесуваа 9,6% во трите месеци до август.

Годишната стапка на раст на потесниот агрегат „М1“, кој вклучува валута во оптек и „overnight“ депозитите, падна на 13,2% во август од 13,5% во јули. Квази-парите (М2-М1) пријавија раст од 0,4% на годишно ниво во август во споредба со 1,4% во јули. Годишната стапка на раст на продажните инструменти (М3-М2) падна на 8,3% во август од 11,4% во јули, според извештајот за понудата на пари во еврозоната во август, објавен на веб-страницата на Европската централна банка во петокот.

Имајќи го предвид придонесот на компонентите во годишната стапка на раст на „М3“, потесниот агрегат „М1“ придонесе со 9,0 процентни поени (пад од 9,2 процентни поени во јули) и краткорочните депозити, освен „overnight“ депозитите (М2-М1), придонесе со 0,1 процентен поен (пад од 0,4 процентни поени). Пазарните инструменти (М3-М2) придонесоа со 0,4 процентни поени (пад од 0,6 процентни поени).

ЕЦБ ќе прифати зелени обврзници за компензација

Депозитите на домаќинствата се зголемија на 7,5% на годишно ниво во август, додека депозитите на нефинансиските корпорации паднаа на 19,9% во август од 20,4% во јули.

Компоненти на монетарниот агрегат „М3“

Годишната стапка на раст на „М3“ во август 2020-та година може да се расчлени на следниов начин: кредитот за државно управување придонесе со 6,0 процентни поени (од 5,6 процентни поени во јули), кредитот за приватниот сектор е зголемен за 5,4 процентни поени (од 5,3 процентни поени), нето надворешните средства придонеле со 0,4 процентни поени (од 0,3 процентни поени), долгорочните финансиски обврски за 0,1 процентни поени (пад од 0,3 процентни поени). Останатите компоненти на „М3“ зедоа 2,4 процентни поени од неговиот раст.

Кредити за жителите на еврозоната

Што се однесува до динамиката на кредитите, годишната стапка на раст на вкупните заеми на жителите на еврозоната се зголеми на 8,0% во август 2020-та година од 7,6% претходниот месец. Годишната стапка на раст на заемите за секторот за државно управување се искачи на 16,5% во август од 15,5% во јули, додека годишната стапка на растот на кредитите кон приватниот сектор беше 5,0% во август, останувајќи непроменета од претходниот месец. Кредитите од приватниот сектор објавија годишна стапка на раст од 4,6% во август, во споредба со 4,7% во јули.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП