20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈавниот долг на Велика Британија достигна рекордно ниво

Јавниот долг на Велика Британија достигна рекордно ниво

Британските јавни заеми се зголемија на 35,920 милијарди фунти (45,8 милијарди долари) во август, што е рекордно високо ниво за месец, иако е под пиковите достигнати претходно во фискалната година, објави „Reuters“.

Во првите пет месеци од фискалната година, јавните заеми достигнаа рекордни 173,7 милијарди фунти, надминувајќи го вкупниот годишен обем на пикот од финансиската криза.

Најновата прогноза на британската канцеларија за буџет укажува дека заемите за целата фискална година ќе се искачат на рекордни 372 милијарди фунти, што е еквивалентно на 18,9% од бруто домашниот производ. Овој однос не е забележан уште од Втората светска војна.

Нето јавниот долг во август достигна 2,024 трилиони фунти, или 101,9% од БДП-то, што е највисоко учество од фискалната 1960-1961 година.

Велика Британија го претрпе најголемиот економски удар меѓу економиите од Г7 поради коронавирусот во вториот квартал од оваа година, бидејќи БДП-то на земјата пропадна за 20%, а Централната банка проценува дека во третиот квартал бројката ќе биде околу 7% под нивото пред кризата.

Министерот за финансии Риши Сунак во четвртокот ги објави плановите за намалување на поддршката за вработените, иако тој рече дека фокусот засега треба да биде насочен кон враќање на растот, а не на долгорочните јавни финансии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП