28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОсновачот на „Spotify“ ќе инвестира 1 милијарда евра во европски стартапи

Основачот на „Spotify“ ќе инвестира 1 милијарда евра во европски стартапи

Извршниот директор на шведската музичка платформа „Spotify“, Даниел Ек објави дека ќе искористи 1 милијарда евра од неговите лични средства за да инвестира во европски стартапи, пишува „CNBC“.

Како дел од виртуелен настан, Ек коментираше дека ќе ги искористи средствата за да прави сериозни вложувања на континентот, фокусирајќи се на длабоките технологии – нови алатки кои се фокусираат на научни иновации. Сектори во кои ЕК сака да инвестира, а вклучуваат здравствена заштита, образование, машинско учење и биотехнологија.

„Сакам да дадам се од себе. Сите знаеме дека еден од најголемите предизвици е пристапот до капитал“, рече Ек, додавајќи дека сака да оствари „нов европски сон“ во следната деценија.

Според „Forbes“, богатството на Ек вреди 3,6 милијарди долари, што сугерира дека тој е подготвен третина од тоа да го претвори во инвестиции.

Ек со разочарување го коментираше бројот на европски технолошки компании купени од американски конкуренти, како и одливот на мозоци кога станува збор за талентирани претприемачи кои го напуштаат регионот за да одат во Силиконската долина. Еден од најистакнатите примери на европски претприемачи кои се насочени кон САД е гигантот за плаќање „Stripe“, чии ирски основачи заминаа во Калифорнија за да ја изградат својата компанија.

„Навистина се лутам кога гледам како европските претприемачи се откажуваат од својата неверојатна визија рано продавајќи ги своите компании на неевропски компании или кога некои од најперспективните технолошки таленти во Европа заминуваат затоа што не се чувствуваат оценети тука. Потребни ни се повеќе супер компании за да ја подигнат границата и да инспирираат“, рече Ек.

Но Европа често се гледа дека заостанува зад Соединетите држави и Кина кога станува збор за технологијата. Иако овие две економски сили ги создадоа некои од најголемите технолошки компании како „Amazon“, „Microsoft“, „Tencent“ и „Alibaba“, Европа сè уште не може да понуди вакви успешни примери.

Минатата година беа инвестирани рекордни 34,3 милијарди долари во европски стартапи за технологија, соопшти компанијата за ризичен капитал „Atomico“. Компаниите во регионот продолжуваат да собираат значителни суми и оваа година. „Klarna“, на пример, собра 650 милиони долари, а „Revolut“ обезбеди 580 милиони долари свеж капитал.

Ек вели дека ќе работи со научници, инвеститори и влади на неговите инвестиции. Со 1,2 милијарди долари, основачот на „Spotify“ ќе се натпреварува со основани фондови за ризичен капитал како што е „Atomico“, создаден од поранешниот извршен директор на „Skype“, Никлас Зенстром, со „Balderton Capital“ и „Northzone“.

Друг проблем на технолошкиот екосистем во регионот се првичните јавни понуди. „Spotify“, со седиште во Стокхолм, Шведска, беше јавно понуден во Њујорк пред две години. Компанијата за луксузни стоки „Farfetch“ со седиште во Лондон, исто така ги избра САД за своето деби на пазарот. Европа заостанува во технолошките „IPO“ и оваа година, додека голем број на софтверски компании се насочени кон јавниот пазар во САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП