24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНашиот северен сосед Србија со просечна плата од над 511 евра

Нашиот северен сосед Србија со просечна плата од над 511 евра

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека со гордост може да им каже на граѓаните дека просечната плата во јули, среде пандемија на коронавирусот беше повеќе од 60.000 динари и дека за прв пат надминала 511 евра.

– Највисока е во регионот на Западен Балкан, а кога јас станав премиер, го делевме третото место според просечната плата со Северна Македонија, а пред нас беа Црна Гора и БиХ, рече Вучиќ.

Тој е убеден дека наскоро ќе ја надмине и Црна Гора според просечна плата, со кои сега се еднакви, имајќи предвид дека Србија, има неспоредливо подобра економска состојба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП