29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Taycan“ е веќе најпродаваното „Porsche“ во Европа

„Taycan“ е веќе најпродаваното „Porsche“ во Европа

Првиот електричен автомобил на „Porsche“, седанот „Taycan“, е најуспешниот модел на марката на пазарот во Европа. Во август се продадени 1.183 примероци, што е за 86 повеќе од вториот најпопуларен автомобил на компанија од Штутгарт – „Porsche 911“.

И покрај високата цена, „Taycan“ е на 15-то место во продажбата меѓу електричните возила што се нудат на континентот, вклучувајќи ги и буџетските модели. Во исто време, тој е петти меѓу седаните во сегментот Е, кој ги вклучува „Audi A6“, „BMW Series 5“ и „Mercedes E-Class“.

Интересно, појавувањето на „Taycan“ буквално ја уништи продажбата на најблискиот по големина модел на брендот со мотор со внатрешно согорување – „Porsche Panamera“. Неговиот резултат за август се намали за 71% на 278 продадени машини. Затоа не е изненадување што раководството на компанијата ја објави својата намера да ја претвори следната генерација на „Panamera“ во електричен автомобил.

Единствениот модел на „Porsche“ со мотор со внатрешно согорување чија популарност порасна е кросоверот „Cayenne Coupe“. Неговата продажба за август е 554 автомобили, што е за 29% повеќе од истиот период во 2019-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП