26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнвеститорите загрижени: Европските берзи паднаа на тримесечен минимум

Инвеститорите загрижени: Европските берзи паднаа на тримесечен минимум

Глобалната продажба на ризични средства ги сруши европските берзи на најниско ниво во последните три месеци, бидејќи недостатокот на нови стимуланси за американската економија и вториот бран на епидемијата на вирусот Ковид-19 предизвика страв од забавување на глобалното закрепнување.

Пан-европскиот индекс „STOXХ 600“ падна за 1 процент на најниско ниво од 26-ти јуни, додека берзите во Франкфурт, Лондон и Париз потонаа во интервал од 0,6 до 1,0 проценти, пренесува „Reuters“.

Индексите на Волстрит забележаа силни загуби во текот на ноќта, предводени од падот на акциите на технолошките компании, откако претставници на Федералните резерви на САД го повикаа Конгресот да одобри дополнителна државна помош за економијата, истовремено изјавувајќи ја нивната цврста позиција за продолжување на водењето на лабавата монетарна политика.

Франција, во меѓувреме, стана друга европска земја што повторно воведе рестриктивни мерки, а владата објави ковид-19 мапа на „зони на ризик“ и им даде рок на најтешко погодените влади да ги заостри ограничувањата или да ризикуваат прогласување вонредна состојба во нивните локални заедници.

Акциите на компаниите во секторот за патувања и нафта и гас паднаа за околу 2 проценти, а технолошките акции потонаа за истиот процент.

Британскиот кино-оператор „Cineworld“ пропадна за дури 16,5 проценти, најавувајќи дека можеби ќе треба да се снајде со нова емисија на акции со цел да собере дополнителни средства доколку биде принуден повторно да ги затвора кината поради ограничувањата на владите на социјалните собири.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП