2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛу: Грција да спреведува реформи, но и мерки за заживување на економијата

Лу: Грција да спреведува реформи, но и мерки за заживување на економијата

jeck-lew

Властите во Грција се обврзани да ги спроведат финансиските реформи, како и мерките за заживување на економијата, изјави денеска во Атина американскиот министер за финансии Џејкоб Лу по средбата со неговиот грчки колега Јанис Стурнарас.

На средбата Лу и Стурнарис разговарале за состојбата на грчката економија во 2012 година и 2013 година. Џејкоб Лу рече дека недостигот на финансиски ресурси не може да се компензира само преку намалувања на платите и пензиите.

Американскиот министер за финансии ја посочи потребата од правилно комбинирање на мерките за економски развој и финансиска консолидација.

Џејкоб Лу имаше средба и со грчкиот премиер Андонис Самарас, кој по средбата соопшти дека главна тема на разговорите била економскиот развој и стабилизирањето на грчката економија.

– Признаваме дека Грција овие години мораше да донесе тешки одлуки, изјави американскиот министер за финансии, дополнувајќи дека патот на Грција до економскиот раст се уште е тежок и дека земјата работи напорно за овој раст и развој на економијата.

Медиумите во Атина ја гледаат посетата на американскиот министер за финансии во контекст на претстојната средба на грчкиот премиер во Вашингтон на 8 август со американскиот претседател Барак Обама.

Претседателот на грчко-американската Стопанска Комора Симос Анастасопулос изјави дека грчките бизнис кругови и граѓани очекуваат многу од посетата на Џејкоб Лу, кој го подготвува теренот за патувањето на Самарас во САД.

За весникот „Вима“ денеска грчкиот министер за финансии изјави дека Грција нема намера да презема нови мерки за драстично штедење и за намалување на платите и пензиите во оваа и следната година, под услов земјата да го испочитува распоредот за намалување на буџетскиот дефицит.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП