28 март, 2024
ПочетнаДИЕТИДИЕТА: ИП Шејк диета – 4 кг за 5 дена!

ДИЕТА: ИП Шејк диета – 4 кг за 5 дена!

Напомена: Да нема забуна – диетата за која станува збор на оваа страница не е Ideal Protein Diet, која се темели на протеински шејкови и навлегување во кетоза туку станува збор за Интегрален ориз шејк диета каде за подготовка на шејковите се користи интегрален ориз.

Како здраво да ослабнете 4 кг за 5 дена !

Дали ви е потребно брзо чистење, намалување на неколку вишок килограми и при тоа помош во јакнењето на органите за варење и црниот дроб?А заедно со сето тоа, подготовката на оброците да не ви одзема повеќе од неколку минути, да е крајно едноставна и секако да не ве чини многу пари. Долколку одговорот е ДА тогаш за вас е диетата со шејкови која на брз и ефикасен начин ќе ви помогне за само неколку дена да се чувствувате полесно, посвежо и кожата да ви добие младешки сјај. Одлична диета пред значајни настани и летувања во кои треба да покажете дека сте во форма без вообичаениот „уморен“ изглед кои го оставаат другите диети.

Запознајте ја ИП шејк диетата

Главна состојка на оваа диета е интегралниот ориз и тој се конзумира во вид на оризово млеко кое се комбинира со други намирници (главно овошје и зеленчук). Вакви комбинации даваат лесно сварлив оброк кој е сепак заситлив и организмот го снабдува со сите нутритиви, а истовремено остава простор да направи „поправка“ каде што е неопходно и да намали дел од вишокот на килограми.

Диетата се држи пет дена и во тој период можно е да се изгубат до 4 килограми и тоа без гладување. После пауза од пет дена – диетата може да се повтори. Доколку правите пауза помеѓу два циклуси на диета – водете сметка оброците во тој меѓупериод да ви бидат помали отколку пред диетата и избегнувајте шеќер и масна храна. Причината за ова предупредување е едноставна: после пет дена диета вашиот организам – верувале или не – не е подготвен повторно да прима прости шеќери и маснотии во количини во кои сте ги внесувале пред диетата па може и бурно да реагира (почести посети на тоалетот, блага мачнина и сл.)

Диетен план

Сите оброци се исти за сите 5 дена на диетата. Задолжителни се 4 шејка дневно, а ваш избор е дали ќе бидат од овошје, зеленчук или основни. Сепак шејкот од зеленчук е задолжителен еднаш дневно.

Додатни напомени :

– Овошните/зеленчуковите шејкови би требало да се пијат веднаш по подготовката, додека основниот може да стои и до 8 часови во посебен сад (термос).

– Доколку сте вработени основниот шејк ви е иделано решение бидејќи можете да го ставите во термос и да го испиете според  распоредот.

– Количината која ќе ја испиете не е точно одредена – најдобро е првиот ден малку да експериментирате бидејќи желбата за храна зависи од вашите предходни прехрамбени навики, тежината и чувството на глад.

– Ако при подготовката користите замрзнат зеленчук/овошје предходно одмрзнете го бидејќи шејкот при конзумирањето треба да биде пријатно топол, никако ладен.

banana pirinac shejk

Пример на распоред на шејковите за еден ден:

1. Утрински шејк (се пие во периодот 7 – 9 часот)

Шејк од овошје

Начин на подготовка: Направете шејк од 1/2 литри оризово млеко и 80 гр со едно од следните овошја (свежо или смрзнато): јагоди, капини, малини, вишни, цреши.

2. Пладневен шејк (се конзумира во периодот помеѓу 12 – 14 часот)

Шејк од зеленчук

Начин на подготовка : Исто како и овошниот шејк само што се користи зеленчук по избор и тоа до 80 гр: обарени цветови од брокули, обарен морков, обарена блитва или спанаќ. Доколку користите блитва и спанаќ додадете сок од четвртина лимон за да ја неутрализира оксалната киселина које ја содржи овој зеленчук.

3. Попладневен шејк (се конзумира во периодот помеѓу 16 – 18 часот )

Исто како и за ручек со тоа што може да додатете патлиџан или 100мл пасиран патлиџан

4. Вечерен шејк (се конзумира во периодот помеѓу 19 и 21 часот):

Шејк од оризово млеко и 1 банана

Никако немојте да заборавите –на оваа диета никогаш не би требало да бидете гладни. Доколку почуствувате глад – тука секогаш е основниот шејк кој што може да го пиете во неограничени количини.

Како се прави млеко од интегрален ориз

Потребно е :

1 шоља интегрален ориз

20 шољи вода

Исчистениот и измиен ориз пропржете го во сува тава додека не добие златно-темна боја. Мешајте често со дрвена лажица за да не загори. Ставете го во соодветен сад (лонец), додадете вода, и на врвот на ножот сол. Варете го два часа и процедете го низ поголемо парче газа. Добивте оризово млеко и тоа е основа за сите шејкови. Доколку користите експрес лонец за да добиете оризово млеко намалете ја должината на варењето (кога ќе порасне притисокот) на еден час и количината на вода се намалува на 10 шољи. Млекото може да стои до 3 дена во фрижидер.

banana_pirinac-cedjenje-kroz-gazubanana pirinac shejkmleko_od_integralnog_pirinca

 

 

 

 

 

 

 

Основен шејк

Ставете половина литар млеко во блендерот, додадете лажица јачменов слад (или мед) и сето тоа мешајте го 60 секунди или додека да стане пенасто. Доколку не сте љубител на слатко – тогаш доволно е наместо слад или мед да додадете третина лажичка цимет и повторете ја истата постапка. Ванила во прав е исто така одличен избор.

Шејк со овошје / зеленчук

Слична постапка како и со основниот шеик само што има додатни напомени:

– Количината на овошје/зеленчук е максимално 1/6 од количината на млеко ( значи, на половина литар млеко може да додадете најмногу 80 гр јагоди).

– Зеленчукот можете да го направите неколку минути пред ставање во блендер и можете да го посолите по вкус.

– Доколку масата е многу густа – слободно додадете чиста вода но не повеќе од 2 дцл

– Шејкот секогаш треба да е пенаст и да нема делови од овошјето/зеленчукот во себе.

– Шејкот треба да биде вкусен. Затоа зачинете го со сол, пипер и ароматични тревки. Избегнувајте готови подобрувачи на вкусот!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП