19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНад 60% од светската побарувачка на злато е за накит и инвестиции...

Над 60% од светската побарувачка на злато е за накит и инвестиции (ИНФОГРАФИК)

Накитот и инвестициите учествуваат со 37,29% и 26% од вкупната глобална побарувачка на злато, според новите податоци обезбедени од „Buy Shares“. Заклучно со септември 2020-та година, вкупната глобална побарувачка на злато е 5,29 милиони килограми или 186,8 милиони унци.

Побарувачката од централните банки изнесува 12,14%. Другите значајни сектори по побарувачка на злато вклучуваат побарувачка за шипки (7,45%), индустрија (6,07%), електроника (4,86%), монети (3,85%), медали (1,13%) и друго (0,92%). Стоматологијата регистрира најмала побарувачка – 12.587 килограми, или 0,23%.

Студијата ја истакнува растечката важност на златото како инвестициско средство.

„Златото како инвестиција е предмет на циклична нестабилност, бидејќи многу инвеститори шпекулираат за неговата вредност. Големата побарувачка на злато за инвестиции може да биде поврзана со фактот дека благородниот метал се смета за безбедно „пристаниште“ во случај на нестабилност на пазарот. Оваа година пазарот на злато има највисоко ниво на нестабилност како резултат на економското влијание на пандемијата на коронавирусот. Општо земено, златото може да се користи во портфолија за да се заштити куповната моќ, да се намали нестабилноста и да се минимизираат загубите во време на шок на пазарот“, се вели во анализата.

Анализата „Buy Shares“ исто така дава преглед на земјите со најголема побарувачка на злато. Студијата испитуваше 15 водечки земји со вкупна побарувачка од 2,042 милиони килограми заклучно со септември 2020-та година.

Кина има најголемо учество со 700,4 килограми, додека Индија е на второ место со 625,5 килограми. Соединетите држави имаат долго растојание на третото место со скоро пет пати помалку учество од Кинезите – 148,3 килограми. Турција и Германија се наоѓаат на четвртото и петтото место со 100,3 килограми, односно 90,4 килограми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП