26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛагард: ЕЦБ не ги „истрела последните куршуми“

Лагард: ЕЦБ не ги „истрела последните куршуми“

Кристин Лагард рече дека Европската централна банка има простор да додаде стимулации и може да ги прилагоди своите веќе обемни алатки ако на економијата и треба повеќе помош.

Во говорот во Франкфурт, таа рече дека иако заздравувањето од рецесијата по коронавирусот продолжи во третиот квартал, сепак е „нерамномерно и нецелосно“. ЕЦБ посветува големо внимание на апрецијацијата на еврото и неговиот ефект врз инфлацијата.

Цитирајќи ги напорите на ЕЦБ на почетокот на оваа година како одговор на пандемијата, Лагард рече дека „идејата да остане без алатки воопшто не е реална“.

„Јасно ставивме до знаење дека кога тоа го бара економската состојба, можеме да ги најдеме потребните одговори“, рече таа на заедничката седница на францускиот и германскиот парламент во понеделникот. „И ние ќе продолжиме да користиме инструменти на монетарната политика; или оние што постојат сега, калибрирајќи ги на вистинското ниво, или други механизми што ќе ни овозможат да одговориме“, рече Лагард.

Претходно во понеделникот, германскиот Бундесбанк објави дека очекува закрепнувањето во најголемата европска економија да продолжи со побавно темпо во остатокот од годината.

„Дали ЕЦБ ги „истрела последните куршуми“? Не, воопшто“, рече таа, додавајќи: „Можеме да најдеме одговори за да им помогнеме на економиите“.

Одговарајќи на голем број прашања, вклучувајќи ги климатските промени, дигиталното евро и откажувањето на долгот, Лагард рече дека стимулот на ЕЦБ „ги стабилизира пазарите, ја штити понудата на кредитите и го поддржува закрепнувањето“, што треба да помогне при приближување на инфлацијата до целта но нешто помалку од 2%.

На ЕЦБ и претстои долг пат за да ја зголеми инфлацијата. Потрошувачките цени паднаа за 0,2% на годишно ниво во август, а централната банка предвидува просечна стапка на инфлација од само 1% следната година и 1,3% во 2022-ра година.

Неодамнешната апрецијација на еврото на највисоко ниво во повеќе од две години се појави како фактор што ја намалува инфлацијата. Ова ги става централните банкари во непријатна позиција, рече заменик гувернерот на ЕЦБ, Луис де Гиндос, во интервју во неделата. Според него, додека институцијата ја следи валутата, „би било самоубиствено да се влезе во каков било спор околу девизниот курс“.

Лагард повтори дека централната банка не го следи нивото на еврото, но нејзината апрецијација е проблем за политиката.

„Значи, се разбира, ние посветуваме многу внимание на ова зајакнување на еврото“, рече таа. „Ова го земаме предвид при утврдување на нашата монетарна политика“, објасни таа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП